Firefox за Android нуди AdBlock и заштита од следење

Објавено на 04.11.2015 во Android



Firefox за Android нуди AdBlock и заштита од следење

Новата верзија на Firefox интернет прелистувачот за Android доби еден куп нови опции кои ќе ве спасат од приказ на досадни реклами, а ќе ви помогне и во заштитата од следење на активностите на интернет и социјалните мрежи, како и вашата локација. 

Овие новитети може да ги користите автоматски во Private режимот на Firefox, а исто така додадени се и нови функции при навигација низ веб страните, преглед на панелите и гласовно внесување на url адреси. Новата верзија на Firefox има подобрени перформанси и може да ја превземете од Play Store.