Чудо од апликација - Inbox за Gmail носи автоматски паметни одговори

Објавено на 04.11.2015 во Android



Чудо од апликација - Inbox за Gmail носи автоматски паметни одговори

Gmail тимот кој стои зад универзалната Inbox апликација за Android претстави нова интерлегентна функција со која корисниците ќе може автоматски да постават брзи одговори на примените пораки кои се прикажуваат уште при заклучениот екран. На овој начин кога сте во брзање и во гужва ќе може веднаш да возвратите на важен мејл без да го отклучувате смартфонот, да ја активирате апликацијата и да пишувате порака. 

Самиот алгоритам на Inbox ќе ви нуди три соодветни одговори и како што се зголемува базата на информации, така и ќе се подобруваат сите разговорни ситуации. Inbox може да ја најдете во Play Store.