Русите го заменија iPhone со Microsoft Lumia

Објавено на 04.11.2015 во Новости



Русите го заменија iPhone со Microsoft Lumia

Русите се можеби единствени од големите нации кои повеќе сакаат да користат Windows Phone смартфони од iPhone бидејќи во изминатата година Apple драстично ги дигна цените поради девалвацијата на руската рубља, но и полека се менува ставот во премиум класата. Затоа таа празнина ја искористи Microsoft со своите Lumia смартфони кои одлично се продаваат со пазарно учество од 12%, додека пак iOS заостанува со 10,8%. Лидер секако е Android со 75.6%.