iPhone 7 ќе има моќен процесор и 3GB RAM

Објавено на 05.11.2015 во Новости



iPhone 7 ќе има моќен процесор и 3GB RAM

Apple со следната генерација на iPhone 7 ќе ги воведе главните подобрувања во хардверот со новиот А10 процесор од кој се очекува да биде изработен во најмодерниот 14 нанометарски процес најверојатно со четири јадра и 3 GB RAM. Големината на екраните ќе биде задржана на 4.7 и 5.5 инчи со тоа што очекуваме почиста и покристална слика, како и примена на Quad HD стандардот. 

Секако, за новите iPhone 7 ќе треба да почекаме речиси цела година, но затоа пак нешто порано во првиот квартал треба да пристигне новиот 4 инчен iPhone кој би бил подобрена верзија на iPhone 5s со скенер за отпечатоци, но без Force Touch сензорот за да се добие пониска цена во средната класа. 





Прочитајте повеќе: