25 години Solitaire ги окупира канцелариските работници

Објавено на 05.11.2015 во Игри



25 години Solitaire ги окупира канцелариските работници

Solitaire е убедливо најпопуларната игра која било кога била дел од платформата на Windows. Играта со редење на карти позната и како Klondike за прв пат била употребена во Windows 3 во далечната 1990 и до денес е главна преокупација на канцеларските работници кои „тепаат време“ додека се редат луѓе пред шалтерите. 

Нејзиниот дизајнер Вес Чери имал идеја за поставување на „копче за шефот“ односно, кога вработениот ќе забележи дека некој надгледува што работи на компјутерот веднаш да го пренасочи на декстоп, но Microsoft му забранил. 

Solitaire е искористена во речиси сите верзии на Windows и низ годините доби голем број на новитети со модерна графика и режими на играње, а канцелариските работници наместо да играат Call of Duty, WarCraft или Sims може да се одморат малку од напорната работа со редење на карти.