iPhone ќе има „копче за паника“ во случај на незгода

Објавено на 06.11.2015 во Новости



iPhone ќе има „копче за паника“ во случај на незгода

Apple поднел апликација за патент со кој TouchID скенерот за отпечатоци ќе служи како „копче за паника“ со тоа што корисникот однапред ќе одреди начин на притискање со одреден прст за активација.

Паничиот режим може да се користи во случај некој да сака да ве ограби со што смартфонот целосно ќе се заклучи и ресетира, а со предната камера може да се направи слика која ќе биде испратена до iCloud за подоцна полицијата да може да го уапси.

Ова е одлична идеја која треба наскоро да се реализира, но од Apple нема потврда дали и кога планира да го воведе паничното копче.
 





Прочитајте повеќе: