Не оставајте го полначот вклучен на струја

Објавено на 06.11.2015 во Новости



Не оставајте го полначот вклучен на струја

Дали полначите за мобилни, лаптопи и таблети трошат електрична енергија дури и кога батеријата на уредот е полна? IT порталот Howtogeek се обидува да даде одговор на прашањето со помош на струен мерач. 

Поединечен полнач практично не троши струја кога уредот се полни до крај, но кога се вклучуваат неколку полначи одеднаш, тогаш се регистрира потрошувачка од 0,3 W. Седум полначи за iPhone, iPad, Android, Nintendo 3DS, Windows лаптоп, Macbook и Chromebook, трошат вкупно 2.628 kWh електрична енергија за една година кога остануваат вклучени после полнењето. Без разлика што не станува збор за големи цифри, полначите мора да се исклучуваат и поради безбедносни причини.