Android Marshmallow конечно влезе на топ листата на Google

Објавено на 06.11.2015 во Новости



Android Marshmallow конечно влезе на топ листата на Google

Најновата верзија на оперативниот систем Android 6.0 Marshmallow по два месеца од пласманот конечно се најде на топ листата на Google со учество од минимални 0.3 проценти кои можеби не звучат многу, но во реални бројки е добро со оглед на над милијарда Android уреди на пазарот. 

Со овој мал пробив Marshmallow конечно може да се мери со постарите верзии на Android каде доминира Jelly Bean со 39%, а добар раст има и Lollipop со 25% што значи дека голем број на уреди се на граница за добивање на надградба.