Французите го усовршија тетовирањето со 3D принтер

Објавено на 06.11.2015 во Новости



Французите го усовршија тетовирањето со 3D принтер

Францускиот стартап Appropriate Audiences за кој пишувавме уште пред две години успеа да го усоврши процесот на тетовирање на човечка кожа со 3D принтер со неверојатна прецизност и безбедност при процесот.

Со нивниот Makerbot 3D принтер најпрво тестирале силиконска кожа за утврдување на параметрите како притисок и опфатност, а потоа ја направиле и првата едноставна тетоважа на човечка рака со совршен круг.