Голи луѓе, Nokia 3310 и металец - емотикони за промоција

Објавено на 08.11.2015 во Новости



Голи луѓе, Nokia 3310 и металец - емотикони за промоција

Модерното време повлекува и софистициран начин на промоција на државата. Така Финска одлучила да се промовира преку емотикони што ќе бидат карактеристични за својата држава. Финското Министерство за надворешни одлуки донело одлука да бидат следните емотикони: гол маж и жена во сауна, Nokia 3310 и љубители на хеви метал, со цел да се оддаде почит кон овој вид на музика што доминира во земјата. 

„Финските емотикони се направени на ироничен начин, но се надевам дека ќе го запознаат светот со некои од нашите карактеристики“, изјавила Петра Теман, шеф на дипломатијата во Финска.

Ова е првата држава што одлучила да се само-промовира на ваков начин. Официјалните имиња на емотиконите се: "The Sauna", "the Unbreakable" (се мисли на Nokia 3310) и "The Headbanger". Емотиконите ги нацртал Бруно Лео Рибеиро, кои официјално излегуваат на 1 декември оваа година. Што мислите, кои емотикони би требало да ги одбере Македонија?

Автор: Aleksandar Stankov