Swim - 3D принтан автомобил почнува со масовно производство

Објавено на 09.11.2015 во Новости



Swim - 3D принтан автомобил почнува со масовно производство

Local Motors го претстави својот прв електричен автомобил LM3D Swim, испечатен со 3D технологија. Мотото на компанијата гласи: „Безбедно. Паметно. Одржливо“. Конечно моделот започнува со масовно производство, кој содржи 75% принтани делови, произведени со 3D печатач. Во иднина се планира и зголемување на овие делови дури од 90%. 

Во 2016 година ќе има само неколку вакви модели на електрични автомобили, а Local Motors соопштил дека со масовно производство и официјално започнување на продажбата ќе биде во 2017 година. Цената на Swim ќе биде 53.000 долари. 

Пред да започне со продажба, Local Motors ќе мора да изврши тест на удар, за што компанијата е оптимист и сигурен е дека нема да има проблеми за добивање на оваа дозвола. Предноста на 3D технологијата е брзината и можноста за прилагодување на различни дизајни, така што на основната платформа може едноставно да се менува дизајнот на автмомобилот зависно од желбите на купувачите. Како ви се чини?