Girls in Tech Macedonia официјално стартува со богата програма

Објавено на 09.11.2015 во Новости



Girls in Tech Macedonia официјално стартува со богата програма

Неформалната групација Girls in Tech Macedonia коија во изманиот период ги засили активностите во Македонија во IT индустријата го одржа и првиот официјален настан, GIT OPEN на кој се  претставени досегашните анганжмани како и плановите и проектите за индината во кои треба да се вклучат голем број на девојки со шанса за градење на професионална карира во областа на програмирањето и стекнување на нови вештини.

Во наредните месевци програмата на Girls in Tech Macedonia ќе содржи повеќе  настани, меѓу кои и Lady Pitch Night, bootcamp, хакатон, конференции и обуки. На овој собир беа претставени и Локалните Амбасадорки на Girls in Tech Macedonia од кампањата Local Ambassadors Hunt кои беа одрбрани по голем број на пристигнати апликации. Со тоа беше презентирана и целата мрежа на Girls in Tech низ 13 македонски градови како точки на делување и организирање активности.

Покрај Извршната Директорка на Girls in Tech Macedonia, Јасна Тренгоска, која ја претстави организацијата и фокусот на Извршното Тело, свое поздравно обраќање имаше и г-ѓа Бисерка Конеска, Маркетинг Директор на Seavus, кои заедно со Seavus Education and Development Center беа и генерални спонзори на настанот. Како почесни гости говорници на GIT OPEN ги слушнавме г-ѓа Марија Ферро, Координатор на CISCO Networking Academy при SEDC, како и г-ѓа Мади Шарма, искусна жена претприемач во светски рамки, основач и претседател на MADI Group.

Покрај структурата и програмата на организацијата, GIT OPEN најави и повеќе склучени долгорочни партнерства со наши и странски организации, кои ќе имаат за цел да ја зајакнат соработката и делувањето на организацијата и со тоа да спроведуваат проекти со поголемо општествено влијание. Истовремено од организацијата упатија и покана до сите заинтересирани структури кои би сакале да воспостават соработка со нив.

Меѓу почесните гости на GIT OPEN се забележаа претставници од ИТ бизнис секторот и високообразовниот сектор, претставници од владиниот и невладиниот сектор како и од различни организации и институции. Бројката на присутни гости ги надмина очекувањата на организацијата и велат дека тоа е добар знак кој говори за интересот кој постои за активностите на Girls in Tech.