WiFi Master Key - апликација за бесплатен интернет

Објавено на 09.11.2015 во Android



WiFi Master Key - апликација за бесплатен интернет

Апликациjата WiFi Master Key е направена за кориснциите да добијат бесплатен пристап на интернет. Android апликацијата овозможува поврзување на hotspot интернет од другите што се приклучени на функцијата за споделување на интернет. WiFi Master Key функционира така што прикажува достапен hotspot интернет, така што може да се поврзете со другите корисници. Синиот клуч покрај мрежата значи дека можете да се поврзете со истата само со еден клик, дури и да не ја знаете шифрата.

Со клик на мрежата, телефонот автоматски ќе се поврзе и ќе користите податоци за пренос од личноста што одлучила да го сподели својот интернет со другите. Конекцијата е заштитена (енкриптирана) со цел никој да не може да ја прислушкува. Секој смартфон денес може да се претвори денес во рутер (hotspot), но оваа апликација го олеснува значително тој процес и го забрзува. WiFi Master Key има вграден модул и за чување на батериајата, како и детектор на сигнали што ќе го утврдат местото со најсилен сигнал. WiFi Master Key е бесплатна за преземање од Google PlayStore на овој линк.