Oukitel A29 - Топ смарт часовник за „безобразни“ 69 долари

Објавено на 09.11.2015 во Смарт часовници



Oukitel A29 - Топ смарт часовник за „безобразни“ 69 долари

Oukitel не застанува со офанзивата оваа година и по пласманот на еден куп одлични смартфони со ниски цени сега ќе ја предизвика и конкуренцијата со смарт часовникот Oukitel А29 кој чини „безобразни“ 69 долари и се издвојува со тоа што подржува СИМ картичка за телефонски повици и СМС пораки.

Oukitel A29 има кружна форма со нерѓусувачки челик и квалитетно изработено тело, а поседува и повеќе сензори за следење на фитнес активностите со сопствени апликации. Часовникот преку Bluetooth 4.0 може да се поврзе со Android или iOS смартфон и може веднаш да се порача онлајн.