Google Doodle го одбележа 101 роденден на славната Хеди

Објавено на 10.11.2015 во Новости



Google Doodle го одбележа 101 роденден на славната Хеди

Google Doodle го менува изгледот на секоја важна дата, па така вчерашниот Google Doodle беше за 101 роденден на култната актерка Хеди Ламар.

„Сакаме да ги одбележуваме големите достигнувања на жените во науката и технологијата. Кога приказната вклучува холивудска ѕвезда од 40-те, која стана иноватор и помогна во развивањето на технологијата што денес сите ја користиме... тоа едноставно моравме да го споделиме со светот“, соопштуваат од Google.

Хеди порано беше една од најубавите жени во светот. Гигантот креирал мал цртан филм за нејзиниот живот, кој ќе ве импресионира. 

Таа им помогнала на сојузниците во Втората светска војна и пронашла начин како да ги заобиколи пречките на германските подморници во радио сигналите. Нејзиниот патент тогаш не се употребувал, но денешните модерни технологии Bluetooth и GPS без него се незамисливи.