Дубиоза колектив на насловна страница на The Pirate Bay

Објавено на 10.11.2015 во Новости



Дубиоза колектив на насловна страница на The Pirate Bay

Дубиоза Колектив неодамна го претстави спотот на песната Free.mp3 и веднаш почна да руши рекорди во гледаност. Спотот е генијален, а најзаслужни за фантастичниот него се режисерот Салем Капиќ Кантарџиќ и продуцентската куќа Фабрика од Сараево.

Free.mp3 е една од песните на која се пее на англиски јазик, а пораката е повеќе од очигледна. Се работи за заштита на авторските права, приватноста на интернет како и достапноста на информациите. Главната тема е добро познатиот The Pirate Bay сервис и излишно е да кажеме колку многу иронија и хумор има во спотот.

Слушајте го добро текстот затоа што голема е веројатноста да се пронајдете во него.

А се пронашол и најпознатиот хакер на светот Ким Шмит, основачот на Megaupload. Тој на Твитер го сподели видеото и напиша: Дали го слушнав моето име?

Извор: Pozitiv.mk