Google ќе развива вештачка интелегенција со отворен софтвер

Објавено на 10.11.2015 во Новости



Google ќе развива вештачка интелегенција со отворен софтвер

Google е можеби единствениот технолошки гигант во овој период кој активно работи на развој на вештачка интелегенција и не се плаши од нејзините потенцијали за разлика од Елон Маск, Бил Гејтс и Ричард Ховкинг, но тоа не ги спречува во подобрување на своите алгоритми за пребарување и гласовно препознавање и контрола.

Google сака уште повеќе да ја развие вешташката интелегенција со тоа што ќе доделува бесплатен софтвер со отворен код кој ќе може секој да го искористи и да го унапреди со свои идеи преку TensorFlow програмата. Идејата е било кој талентиран инжинер да развие свои системи во кои ќе ја вметне вештачката интелегенција и како таа би нашла реални примени во различни области.

Автор: Aleksandar Stankov