Експерти тврдат - iPhone е понебезбеден од Android

Објавено на 11.11.2015 во Новости



Експерти тврдат - iPhone е понебезбеден од Android

Митотот дека уредите на Apple не фаќаат вируси полека паѓаат во вода со оглед на се поголемиот број на хакерски напади и ширење на штетен софтвер иако проблемите си ги бараат само слабо информираните корисници кои инсталираат апликации надвор од App Store и самите се изложуваат на ризик. Исто така се руши и митотот дека 90 проценти од malwar програмите се наменети за слабостите на Android апликациите, бидејќи експертите за безбеност на интернет Checkmarx и AppSec Labs го тврдат сосема спротивното.

Според нивните тестирања апликациите за iPhone во просек имале 9 слабости кои може да се искористат за пробивање што е многу повеќе отколку кај Android. Најчестата слабост е протекување на вашите лични податоци, откривање на активностите со самата апликација, потоа слаба криптографија, проблеми со верификацијата на корисникот и уште многу други недостатоци.

Тоа е доволно за Apple да почне сериозно да размислува за подобра интернет безбедност и да ги отстрани сите слабости се додека некој не ги искористи на најлош можен начин.

Автор: Aleksandar Stankov