iPhone 7 концепт дизајн - предизвик дури и за Apple

Објавено на 11.11.2015 во Новости



iPhone 7 концепт дизајн - предизвик дури и за Apple

Секогаш рано протекуваат нови концепт дизајни за телефоните што се претставуваат дури за една година подоцна, па така сега излезе претпоставка за новиот концепт дизајн на iPhone од страна на Афикурас. 

Новиот iPhone 7 ќе биде претставен во септември 2016 година, за кој дизајнерот претпоставил дека сензорот за отпечатоци на прсти ќе биде вграден во дисплејот, а копче нема да има, додека втората теза е дека ќе има иновација за безжично полнење, што значи дека нема да има порт за влез на Lightning кабел.