Ако ја користевте InstaAgent, веднаш променете лозинка!

Објавено на 11.11.2015 во Новости



Ако ја користевте InstaAgent, веднаш променете лозинка!

Instagram досега многу пати ги предупредуваше корисниците за опасните апликации за Android и iOS, кои продолжуваат да ги симнуваат апликациите што ги лажат дека ги известува кој им го прегледувал профилот. Стотици илјади корисници ја симнале апликацијата InstaAgent, со што ги доведуваат своите лични податоци во опасност. 

Прегледувајќи ги податоците преку оваа апликација, програмер за iOS уреди открил дека InstaAgent не ги шифрира податоците, односно корисничкото име и лозинките на Instagram корисникот, ги испраќа до непознатиот сервер instagram.zunamedia.com, кој нема никаква поврзаност со Instagram.

Програмерот открил и дека апликацијата објавува фотографии без дозвола од корисникот, па така ова го објавил на Twitter. Google веднаш реагирал и го отстранил InstaAgent од Google Play, додека на Apple му било потребно малку подолго, но InstaAgent конечно е отстранета од онлајн продавниците. Опасната апликација веќе не е достапна за преземање, но се уште се загрозени стотици илјади корисници, чии кориснички имиња и лозинки стигнале до непознати лица, па затоа се препорачува итно менување на лозинката на Instagram, особено ако истите кориснички имиња и лозинки се користат и на други сервиси.