Apple Music силно прозвучи за Android
Објавено на 11.11.2015 во Android
Apple Music ja доби првата бета верзија на Android и корисниците ќе може да ја инсталираат со тоа што имаат право на еден месец пробен бесплатен период, а потоа ќе треба да одберат месечна претплата од 9.99 долари или пак да одберат семејна претплата за повеќе лица.
Apple Music нуди плејлиста на песни ажурирани од музички уредници на Apple кои ќе ви даваат предлози што да слушате врз база на вашите жанровски определби наместо да користи компјутерски алгоритам како кај Google Play Music.
Со Apple Music ќе добиете и пристап до целата содржина во iTunes која ја имате превземено, како и до Beats1 музичкото радио исто така уредувано од музичките експерти на Apple.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.