Најстариот Nexus работи и со Android Marshmallow

Објавено на 12.11.2015 во Новости



Најстариот Nexus работи и со Android Marshmallow

Убавината на Android платформата е што постои пасионирана заедница на девелопери кои работат со отворениот код и прават импресивни подвизи, како што е најновото портирање на последната Android Marshmallow верзија на оперативниот систем за најстариот Nexus S смартфон.

Низ годините на повеќе пати се докажа дека Nexus S е чудо од телефон со долготрајноста и издржливоста, а тоа што импресионира е способноста да „вози“ секаков вид на софтвер, па дури и Android Marshmallow кој се уште го нема ниту кај Galaxy S6.

Софтверот е изработен од девелоперот Dmitry Grinberg кој ги заобиколил сите пречки во системот за работа со апликации и менаџментот на RAM меморија и сега е достапен за секој кој сака да експериментира. 

Автор: Aleksandar Stankov