Вградиле чипови во раката оти сакаат да станат роботи!

Објавено на 12.11.2015 во Новости



Вградиле чипови во раката оти сакаат да станат роботи!

Тројца мажи од Дизелдорф одлучиле во својата да вградат Northstar V1 чипови, кои се всушност мали LED светла. Тие го направиле тоа бидејќи сакале еден ден да станат роботи. Чипот што го вградиле во горниот дел на дланката има големина на монета, кој користи магнети за да свети. 

Операцијата е изведена од компанијата Grindhouse Wetware, која користела безбедна технологија, со цел да ги доближи луѓето до функционалност на роботи. 

Чипот го изработил Тим Кенон, првично со намера за да креира нешто што ќе ја имитира природната светлост што создаваат одредени живи битија, како што некои видови медузи. Тој вградил чип во своето тело, кој собира податоци за неговата здравствена состојба, а податоците потоа се испраќаат на Android телефон. Како ви се чинат овие бизарни обиди за претварање на луѓето во роботи? 





Прочитајте повеќе: