Microsoft со масовна надградба нa Windows 10 - топ новитети

Објавено на 13.11.2015 во Новости



Microsoft со масовна надградба нa Windows 10 - топ новитети

Microsoft ја лансираше најновата и досега најголема надградба за десктоп верзијата на оперативниот систем Windows 10 која добива еден куп новитети и подобрени функции. Во старт менито може да одберете поголем приказ на tiles икони со четири блока и многу апликации. Тука исто така ќе добивате повремено и предолози за апликации кои би ви биле од корист за симнување од Windows Store.

Во самиот Windows 10 сега е вградена опцијата за лоцирање на уредот во случај на кражба па затоа не треба да инсталирате дополнителен софтвер. Главниот адут гласовната асистентка Cortana сега може да препознава рачно напишани белешки и команди, да следи информации од вашиот мејл за поврзување со интернет сервиси и ви прави извештај на сите пропопуштени повици и пораки од смартфонот. 

Microsoft Edge интернет прелистувачот ги синхронизира сите податоци од Favorites и Reading листите за да може да ги користите било каде. Тие пак, што имаат легален софтвер од Windows 7, 8 или 8.1 со стариот клуч ќе може да ја активираат бесплатна надградба со Windows 10 без потреба да го инсталираат стариот софтвер преку диск.