1010! - заразна игра со култниот тетрис

Објавено на 13.11.2015 во Игри



1010! - заразна игра со култниот тетрис

Компанијата Gram Games од Турција вложила 23.000 евра во играта 1010!, која стана планетарен хит. Компанијата речиси пропаднала пред да се одлучи да ги вложи споменатите средства. Играта е најпопуларна во Азија и во цел свет. Ќе ве зарази за само неколку минути играње. 

Критичарите пишуваат дека ова е една од игрите што ги прекинуваат врскитеи  пријателствата и уништуваат животи. Правилата се едноставни, треба да ги пополнувате празните полиња со фигури, но облиците мора да се сложуваат за да се исполни редот или колоната, исто како на Тетрис. 1010! нема крај и може да се натпреварувате со пријателите. Преземете бесплатна верзија од играта за Android овде, а за iOS овде