Апликација на денот - Doze за совршена батерија на Android

Објавено на 13.11.2015 во Android



Апликација на денот - Doze за совршена батерија на Android

YirgaLab ја лансираше Doze апликацијата за совршена батерија која инаку е позајмена од системот на Android 6.0 Marshmallow и овозможува на значително поголем број на корисници покрај сопствениците на новите Nexus уреди да ја инсталираат на својот смартфон.

Doze апликацијата воведува повеќе режими за заштеда на енергија со тоа што се „убиваат“ сите апликации и процесори кои работат во позадина и непотребно трошат батерија. Doze исто така го регулари процесот на трошење на интернет од апликациите и нема потреба самите постојано да ја гасите мобилната или Wi-Fi конекцијата. 

Doze за почеток е компатибилна со уредите кои работат барем со Android 5.0 Lollipop, а се најавува дека ќе биде достапна и за постарите верзии, па доколку ви изгледа привлечно симнете ја од Play Store.