Apple го гаси „ритамот“ на Beats музичката апликација
Објавено на 14.11.2015 во Новости
Apple повеќе ќе нема потреба од активирање на Beats апликацијата бидејќи сите идеи и експертизи на продуцентот и рапер Др. Дре беа целосно преточени во Apple Music, а притоа добија и огромна подршка од сите талентирани музичари и најпопуларни ѕвезди.
Затоа Beats на крајот на овој месец ќе биде изгасена, а досегашните претплатници ќе може да продолжат да го користитат новиот сервис Apple Music во кој се вградени и едитираните радио станици од музички експерти Beats1 Radio.
Да потсетиме само дека Beats на Др. Дре и Џими Ловин беше продадена на Apple за неверојатни 3 милијарди долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.