Microsoft - софтвер што препознава среќа и страв

Објавено на 14.11.2015 во Новости



Microsoft - софтвер што препознава среќа и страв

Откако Microsoft ја претстави алатката за препознавање на возраста на лица од фотографии, компанијата го претстави и софтверот што допрва се тестира за препознавање емоции и расположение на лицата од фотографии. Луѓето прилично добро може да ги препознаат емоциите на човечкото лице, а компјутерите досега беа многу неуспешни во тоа. 

Благодарение на напредокот на вештачката интелигенција, односно „machine learning“, денес може да креирате смарт апликации за препознавање на различни звуци, зборови, фотографии и изрази на лицето, односно емоциите на лицата на луѓето. Алатката што овозможува препознавање на изразите на лицето е достапна на страницата на Microsoft - Project Oxford, каде корисниците може да прикачуваат слики од компјутерот или да линкуваат фотографии, со цел да видат како софтверот ќе ги анализира емоциите (лутина, страв, среќа, тага, незадоволство, итн). Софтверот може да научи да препознава емоции врз основа на претходно прикачени фотографии. Обидете се и вие и пишете ни коментар за вашата фотографија...