Facebook обоен во боите на француското знаме

Објавено на 15.11.2015 во Новости



Facebook обоен во боите на француското знаме

Facebook креираше апликација за да им овозможи на корисниците да ставаат воден жиг со француското национално знаме, како оддавање на почит за жртвите во Франција. За време на нападот се убиени 129 луѓе. 

Шефот на одделот за пораки на Facebook ги повикал корисниците да ги поддржат жртвите на нападот со промена на профилната слика. Со активирање на новите профилни слики, корисниците може да одберат колку долго сакаат филтерот да биде активен, така што може да ја тајмираат промената само за одредено време - еден час, еден ден или подолго. Освен тоа, Марк Цукерберг истакна на својот времеплов дека е овозможена опцијата Safety Check за сите корисници, која ви помага да дознаете дали вашите пријатели во загрозената област се во ред. Ако сакате да понудите поддршка, апликацијата се наоѓа на овој линк.

Автор: Aleksandar Stankov