Athena е тука за да го спаси вашиот живот

Објавено на 15.11.2015 во Новости



Athena е тука за да го спаси вашиот живот

Athena е уред за да спасува животи од напади на криминалци. Малиот уред може да се прикачува на чанта, ѓердан, облека и било што, кој се поврзува со телефоните и соодветна апликација преку Bluetooth, а во случај на напад од жртва, се активира со притисок на типката во траење од три секунди. Притисокот автоматски го активира алармот и LED светлото, што би требало да го привлече вниманието на луѓето, односно да ги преплаши напаѓачите, а со притисокот и автоматски се испраќа порака на пријателите што се претходно одбрани и предложени во апликацијата. Може да се одбере и тивок аларм што ги известува пријателите за нападот, без звучни и светлосни сигнали. Освен повик за помош, овој уред испраќа и GPS координати за детектирање на локацијата. 

Директорката на компанијата ROAR for Good, Јасмин Мустафа, дошла до оваа идеја за време на патувањето низ земјите на Јужна Америка во кои запознала голем број на жени што биле напаѓани во минатото, а на неговиот развој соработувале со полицијата и експертите за безбедност. Со цел да се спречи случајно притискање и активирање на типката на Athena, типката е малку вдлабена и многу е мала, така што во одредени сомнителни ситуации може да се носи во раката со цел побрзо да се активира. Athena ја има во три бои, а нејзината достава е најавена во текот на наредната пролет. Повеќе информации имате овде.