Apple Watch 2 се подготвува за подобри функции

Објавено на 16.11.2015 во Смарт часовници



Apple Watch 2 се подготвува за подобри функции

Apple имаше прилично солиден пласман на првиот модел на Apple Watch без оглед што доби легитимни критики за ограничените можности на часовникот. Тоа нема да ги спречи да го подготват и Apple Watch 2 кој е замислен да донесе подобри функции за корисникот и да ја продолжи самостојната работа без потреба од користење на смартфон.

Првата потврда дека Apple Watch 2 веќе е во изработка е Бери Лем директорот на Quanta кој откри дека часовникот се подготвува со засилено темпо, а ќе биде пласиран кон средината на 2016-та.