Huawei - следната генерација е супер телефон

Објавено на 16.11.2015 во Новости



Huawei - следната генерација е супер телефон

Истото што се случува во текот на биолошката еволуција, се случува и во мобилната технологија, рекол Шао Јанг од Huawei, за време на Huawei Innovation Day Asia. Тој додава дека следната генерација би можеле да бидат „супер телефоните“. Тој верува дека периодот на една генерација на мобилни уреди трае околу 12 години.

Периодот на смартфоните започна со претставувањето на првиот iPhone, иако и пред 2007 година постоеја смартфони на пазарот, но не беа толку популарни. Според тоа наредната револуција во мобилната индустрија би можела да се очекува за 12-13 години, односно во 2020 годиан. Јанг верува во теоријата дека врз основа на два настана (телефонот на Motorola од 1995 и iPhone од 2007) може да се предвиди следниот настан, со кој ќе биде претставен супер телефонот. 

Развојот на ваков телефон ќе трае со години и тој ќе биде „кулминација на дигиталната интелигенција“, која ќе ја трансформира човечката перцепција и ќе ги подобри нашите искуства. На тој начин ќе бидат интегрирани физичкиот и дигиталниот свет, а екипата од Huawei веќе работи на таквите напредни технологии. Некои од тие технологии во иднина би требало да станат вообичаени кај мобилните уреди со виртуелна стварност, проширена стварност, многу сензори, дигитална интелигенција, анализа на податоци и многу др. 

Автор: Aleksandar Stankov