Facebook измама за видеата на корисниците

Објавено на 16.11.2015 во Новости



Facebook измама за видеата на корисниците

Неодамна стигна известување од Facebook дека има по 8 милијарди прегледи дневно на видеата, што би било многу импресивно доколку не би излегол податокот дека 17 милијарди прегледи се украдени од YouTube, само во првата четвртина годинава. Значи, видеата се крадат од Youtube за да станат вирални на Facebook. Алгоритмот е наместен за прикаченото видео на Facebook да се поврзува директно со Youtube, со цел истовремено да може да се прикажува со максимален број на огласи. 

Се лажираат и бројките на прегледи, затоа што се смета дека видеото е прегледано дури и ако го пуштиме видеото да трае само 3 секунди, дури и кога е на нечујно (mute). Така, ако ги прегледувате новостите на својот ѕид и налетувате на видео што не сте го кликнале и застанете 3 секунди на него, ќе се смета како да ви е гледано. Затоа корисниците имаат по 21% видеа на Facebook, а на Youtubeима дури 86%. Квалитетната содржина на веб бара креативност, време и посветеност.