Gionee S6 - Магичен буџетар за 260 долари

Објавено на 17.11.2015 во Новости



Gionee S6 - Магичен буџетар за 260 долари

Кинескиот бренд Gionee продолжува со серијата на најверсатилни смартфони кои имаат одличен балан на цени и перформанси, а токму таков е и новиот Gionee S6 кој доаѓа со 5.5 AMOLED дисплеј со нешто поскромна HD 720p резолуција, но затоа пак работи со поквалитетен осум-јадрен MediaTek MT6753 процесор, Mali T-720 GPU, 3 GB RAM и 32 GB меморија која може да се надополни со microSD картичка.

Супер буџетарот Gionee S6 располага и 16 мегапикселна главна камера, 5 мегапикселна камера на предната страна, LTЕ мобилен модем, USB Type-C конектор, батерија со капацитет од 3150 mAh и Android 5.1 Lollipop оперативен систем. Gionee S6 ќе се продава по цена од само 260 долари.