Huawei - 3,000 mAh батерија ќе се полни до 48% за само 5мин.

Објавено на 17.11.2015 во Новости



Huawei - 3,000 mAh батерија ќе се полни до 48% за само 5мин.

Денешните смартфони се многу моќни - имаат повеќејадрени процесори, одлична графика, камера што може да снима видео во UltraHD резолуција, но батеријата е се уште проблем бидејќи сурфањето низ интернет, играњето игри и гледањето на видеа многу брзо ја троши батеријата. 

Huawei е уверен дека решението за брзо полнење на батериите ќе доведе до нова револуција на електронски уреди, особено во индустријата на мобилните телефони, електрични автомобили и носечки уреди“, соопштуваат од Huawei.

Huawei сега има решение за проблемот на корисниците со краткото траење на батеријата на телефоните. Батеријата не е од оние што може да издржат со денови без полнење, туку креирале специјален полнач, кој може да ја наполни батеријата до 50% капацитет за само неколку минути. Од компанијата велат дека оваа литиумско-јонска батерија може да се наполни за 10 пати побрзо во споредба со класичните батерии. Дури е демонстрирано дека една батерија со 600mAh за само 2 минути е наполнета до 68%, додека батерија од 3,000 mAh се полни до 48% за само 5 минути.