Girls in Tech Macedonia ги носи програмерките во Силиконската долина

Објавено на 17.11.2015 во Новости



Girls in Tech Macedonia ги носи програмерките во Силиконската долина

Girls in Tech Macedonia најави одличен проект за младите девојки кои или веќе го завршиле студирањето или се во последна година на студии на ИТ факултетите со кој на најдобрите ќе им овозможи практична работа во компании од Силиконската долина со полно работно време, покриени трошоци за превоз и можност да се стекнат со драгоцено искуство.

Успешните кандидати ќе добијат плата во висина од $60 000 на годишно ниво за нивниот годишен ангажман во компанијата. Дополнително, тимот на SVIP ќе организира процесирање на визите за селектираните кандидатки, како и летови и сместување за првиот месец по пристигнувањето и слични дополнителни услуги.

Повеќе информации и формулар за аплицирање можете да најдете на следниот линк: http://www.siliconvalleyinternship.com/girlsintech. Апликациите веќе се отворени, а интервјуирањето и поврзувањето со соодветни стартап компании ќе се случува на почетокот на 2016 година. Избраните кандидатки ќе се преселат во Силиконска Долина на крајот на август/почеток на септември 2016.

Извршната директорка на Girls in Tech Macedonia, Јасна Тренгоска, е дел од т.н. Screening Committee for SVIP на Girls in Tech на глобално ниво. Овој комитет во соработка со претставници на SVIP ќе врши преглед и селекција на апликантите од целиот свет.

Девојки, искористете ја оваа можност која сега ви е достапна како дел од програмата на Girls in Tech Macedonia во насока на подобрување на половиот баланс во ИТ и СТЕМ и овозможување на разни привилегии за членството на организацијата и сите кои сакаат да вложуваат во својот развој. За било какви прашања и дополнителни информации, Girls in Tech Macedonia ви стои на располагање на [email protected]