Sony Xperia Z5 доби огромни подобрувања на камерата

Објавено на 17.11.2015 во Новости



Sony Xperia Z5 доби огромни подобрувања на камерата

Sony ги доби сите признанија за квалитетот на 23 мегапикселната камера на Sony Xperia Z5 серијата на смартфони, но како што утврдивме и во нашата рецензија хардверот не е проблем, туку самиот софтвер на кој му фали мало подобрување. Токму тоа и го исполни Sony со новата апликацијата за камерата Xperia Z5 која има подобрен интерфејс и функции за контрола на параметрите.

s70 Camera - SemiAuto-P

Со новиот софтвер многу лесно ќе може да ги менувате режимите Superior Auto, Manual, Video и Xperia Camera апликациите. Во самото мени ќе добиете и нови опции за прилагодување на боите, осветленоста и изложеноста. Новата камера апликација за Xperia Z5 може да ја симнете од самиот смартфон во менито за нов софтвер.