Виртуелната реалност ќе ги исфрли телефоните од употреба

Објавено на 18.11.2015 во Новости



Виртуелната реалност ќе ги исфрли телефоните од употреба

Основачот на Oculus, Палмер Лаки, вели дека смартфоните би можеле да бидат заменети од виртуелната реалност . Тој верува дека за 50 години веќе нема да носиме телефони во нашите џепови, бидејќи се што ни треба ќе можеме да го видиме со „виртуелното опкружување“. 

Лаки смета дека со текот на времето треба да очекуваме спојување на виртуелната со проширената реалност (прикажување на виртуелни елементи на вистинска слика) и луѓето секој ден ќе ја употребуваат оваа технологија наместо телефон. Се уште не е познато на кој начин ќе се практикува идната технологија - смарт наочари или леќи.

Зборот на Палмер Лаки е вреден затоа што претставува еден од најважните технолошки пионери во виртуелната реалност, а неговата компанија Oculus минатата година беше купена од Facebook за две милијарди долари. Нивните први наочари за виртуелна реалност Oculus Rift може да се очекуваат во текот на наредната година.