Вметнете го новиот дизајн на Google+
Многу ретко го користиме Google+, затоа е чудно што гигантот Google се уште ја држи својата социјална мрежа, со оглед на тоа што претерано малку се употребува и има малку корисници. Facebook е далеку понапредна и развиена мрежа, за која ќе треба време додека да се стигне.
Google објави дека направил редизајн на својата социјална мрежа кај Communities и Collections, на кои најмногу обрнал внимание, затоа што најмногу се користат.
„Со Collections и Communities пронаоѓањето на интересна содржина е едноставно, само треба да следите што се случува во вашето поле на интерес“, истакнуваат од Google.
Компанијата вели дека извршила редизајн за полесно пребарување, поврзување и следење на добра содржина. Ако сакате да го вметнете новиот дизајн на Google+, следете ги овие чекори:
1. Приклучете се на plus.google.com;
2. Од левата страна на Home, се наоѓа Settings, кликнете таму;
3. Побарајте го копчето Manage Google + activity;
4. Кликнете на пребарувачот на врвот.