Apple го собра медот - 94% од профитот само за iPhone

Објавено на 18.11.2015 во Новости



Apple го собра медот - 94% од профитот само за iPhone

Apple е убедливо најпрофитабилниот производител на паметни телефони со тоа успеа да освои дури 94% од целиот профит на продажба со одличниот пласман на iPhone. 

Интересно е што успехот е постигнат со само 14 проценти во глобалниот пазар на смартфони и тоа е огормен удар за Samsung кој има голем број на продадени телефони во сите категории но, профитот е значително мал. 

Резултатите се постигнати во третиот квартал од оваа година со 48 милиони продадени iPhone смартфони. Samsung иако има продадено 88 милиони уреди освои профит од само 11 проценти.