Super Touch ќе го претвори вашиот стар смартфон во екстра машина

Објавено на 19.11.2015 во Android



Super Touch ќе го претвори вашиот стар смартфон во екстра машина

Доколку поседувате постар смартфон од пред две или три години и полека забележувате колку е бавен во однос на новите модели не треба да очајувате бидејќи решението може да се најде во бесплатната Android апликација Super Touch која ќе ги подобри сите функции.

За Super Touch не е потребен рут и лесно се користи за подобрување на реакцијата на контролите на допир на екранот, доведува до побрза работа на графичката карта за подобри визуелни резултати и побрзо ги активира сите апликации, го забрзува внесот при пишување и го подобрува зумирањето на веб страните.

Доколку ви звучи привлечно Super Touch може да ја тестирате на вашиот смартфон и бесплатно да ја превземете од Play Store.