SkinVision апликацијата детектира сериозни болести

Објавено на 19.11.2015 во Новости



SkinVision апликацијата детектира сериозни болести

Не мора веднаш да одите на лекар за секој израсток што ќе го забележите на вашата кожа. Треба само да ја инсталирате SkinVision апликацијата на вашиот телефон, со цел да дознаете дали сте изложени на ризик од рак на кожата. Со оглед на тоа што најчеста причина за смрт е доцното дознавање за болување од одредена болест, оваа апликација би била од голема помош во раното откривање и зголемување на шансите за преживување. Според експертите, SkinVision апликацијата се одликува со точност од дури 83%.

Постапката е едноставна - со смартфон со слика бемката или дамката на кожата на лице место, а апликацијата анализира и ви дава препорака. Сите фотографии може да ги чувате и да го следите израстокот доколку расте, па така да направите и мапа на местата каде што имате израстоци. Така секојдневно апликациајата ви дава податоци за јачината на УВ зрачењето и препораки како да се заштитите. Точноста на онлајн проценката е испитана во 2013 година во најголемата дерматолошка клиника Ludwig-Maximilians-Universität во Минхен.

Апликацијата можете бесплатно да ја преземете за Android на овој линк и за iOS овде. Анализата на израстоците и останатите услуги првиот месец се бесплатни, но потоа услугите се наплаќаат околу 5 евра месечно. Креаторите на SkinVision предупредуваат дека апликацијата не е уред за поставување дијагноза и како таква не е замена за одење на лекар.