Google Camera 3 е новиот стандард за камерата на Nexus 6P и 5X
Објавено на 19.11.2015 во Новости
Google ја лансираше третата верзија на Google Camera со нов софтвер за камерата кој целосно е прилагоден на Android 6.0 Marshmallow. Со Google Camera 3 променети се контролите за активација со тоа што на врвот се поставени иконите за режимите на сликање, а десно за активирање на предната или задната камера, како и мени со дополнителни контроли.
Тука се можни прилагодување на параметрите на сликање, како и пристап до галеријата со слики и видеа. Апликацијата освен Nexus смартфоните ќе може да ја користитат со Android 6.0 Marshmallow оперативен систем.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.