Најпопуларни се 4.7 инчните смартфони, погодете зошто

Објавено на 20.11.2015 во Новости



Најпопуларни се 4.7 инчните смартфони, погодете зошто

Најновата анализа на DeviceAtlas компанија која ги регистрира големините на екраните и нивните резолуции открива дека корисниците во САД и Европа најмногу ги сакаат смартфоните со големина на екранот од 4.7 инчи, па не е тешко да се погоди зошто е тоа така. 

Најуспешни 4.7 инчни смартфони убедливо се iPhone 6 и iPhone 6s кои во последната година се продадоа во над 100 милиони примероци. Големината од 5 инчи која е карактеристична за Android смартфоните е на второто место со мало заостанување. Кај 5 инчните смартфони најчеста е Full HD резолуцијата. 





Прочитајте повеќе: