Таблетот Mi Pad 2 ќе им прави друштво на моќните Xiaomi смартфони

Објавено на 20.11.2015 во Новости



Таблетот Mi Pad 2 ќе им прави друштво на моќните Xiaomi смартфони

Xiaomi неколку месеци ја нема подновено премиум понудата со нови смартфони и го почитува својот циклус на промоции кои се одвиваат на 18 месеци, но сега веќе е подготвен за екстра новитети. Бидејќи претходно се откри дека на 28 ноември пристигнува нов моќен смартфон, сега се дознава дека ќе има уште едно големо изненадување, а тоа е новиот таблет Xiaomi Mi Pad 2.

Засега нема никакви детали за спецификациите на Xiaomi Mi Pad 2, освен што ќе има обновен дизајн со метални елементи и многу тенко тело со големина од 7.9 инчи. Повеќе детали за Mi Pad 2 и Mi5 смартфонот очекувајте во наредните денови во нашите извештаи.