Claxi ќе ви доставува најдобри цени од такси возачи

Објавено на 20.11.2015 во Македонски апликации



Claxi ќе ви доставува најдобри цени од такси возачи

Мобилната апликација Claxi најави нова опција со која корисниците може преку обратна аукција да одберат најповолна цена од такси возачите кои би одговориле на нивниот позив за превоз. 

„Поврзувајќи ги светските IT трендови за модернизирање и олеснување на секојдневните активности како и возвишувајќи го основното правило на пазарот – дека корисникот е секогаш во право – создадовме апликација која наликува на обратна аукција за да може секогаш патниците да добиваат подобри цени и подобри понуди, а возачите да заработат повеќе секогаш добивајќи ги најблиските рути.” – изјави Пандорка Чушкова, Маркетинг менаџер на Claxi. 

Claxi продолжува да функционира како независен посредник меѓу корисниците и такси компании за да се подобри крајната услуга и да се изберат најповолните цени.