Доаѓа и емотикон за кондом!?

Објавено на 22.11.2015 во Новости



Доаѓа и емотикон за кондом!?

Откако Оксфорд официјално прогласи „емотикон на годината“ наместо збор на годината, светот полуде по ова технолошко помагало за изразување на повеќе зборови во едно. Durex ја промовира својата уникатна идеја за кондом емотикон, кој ќе биде асоцијација за безбеден секс.

„Официјалниот емотикон за безбеден секс ќе им овозможи на младите луѓе да ја надминат непријатноста за време на разговарањето за безбеден секс“, истакнуваат од компанијата Durex.

Компанијата е уверена дека емотиконот ќе ја подигне свеста за важноста на користењето заштита за време на сексуални односи поради полови заболувања, вклучувајќи го и ХИВ. 

Durex веќе ја покрена својата камања, а сега е на ред Unicode конзорциумот да го прифати емотиконот кондом, кој е одговорен за одбирање на официјални карактери. Официјалното пуштање во употреба на емотиконот кондом се очекува на 1 декември, на Светскиот ден на борбата против СИДА. Ако сакате да коментирате, неговиот хаштаг е #CondomEmoji.