iPad Pro целосно се блокира, Apple го призна проблемот
Објавено на 22.11.2015 во Новости
Од Apple признаа дека нивниот најскап и најголем таблет iPad Pro има проблеми со функционалноста и откако ќе се наполни доаѓа до целосно блокирање. Од компанијата не знаат точно каде е грешката и како да ја отстранат сега за сега, но на корисниците им препорачуваат да ги држат копчињата за вклучување и заклучување во рок од 10 секунди по што екранот ќе се активира. Целосно решение треба да пристигне со новата софтверска наградба на iOs 9.2.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.