Brillo е решението на Google за Интернет на нештата

Објавено на 22.11.2015 во Новости



Brillo е решението на Google за Интернет на нештата

Google ја отвори новата Brillo софтверска платформа со која сите програмери и девелопери ќе може да работат на апликација за поврзани уреди од било кој вид преку Интернет на нештата. Google веќе го поседува Nest како еден од највердните системи за домашно управување со електроника од термостати до смарт брави и има намера дополнително да навлезе во домот преку Интернет на нештата.

Освен во домот Интернет на нештата може да функционира со различни уреди, од светилки, па се до смарт автомобили, уреди за комуникација, забава и одржување, а новите апликации базирани на Brillo како една од најамбициозните платформи треба да даде квалитетни решенија.