Новиот Oppo A33 - издржливост и квалитет во ниската класа

Објавено на 23.11.2015 во Новости



Новиот Oppo A33 - издржливост и квалитет во ниската класа

Oppo е веќе стандарден во својата понуда на квалитетно изработени смартфони во средната и основната класа со цени кои не се најниски во споредба со конкуренцијата, но затоа пак соодвествуваат на издржливоста и долготрајноста. Сега го добиваме новиот Oppo A33 кој има 5 инчен дисплеј со веќе застарена qHD резолуција од само 540 x 960, но затоа пак останатите спецификации се прилично подобри. 

Смартфонот работи со четири-јадрен Snapdragon 410 процесор, 2 GB RAM, 16 GB, 8 MP камера и батерија со капацитет од 2400 mAh. Oppo A33 е доволно тенок со тело од 7.55, тежи 146 грама со симпатичен и едноставен дизај. Мобилниот уред ќе се продава по цена од околу 200 долари.